Интервју со Funk Shui по повод најновиот хит “Kрик”

Пред се честитки за вашата најнова песна “Крик”. Дали очекувавте дека ќе стане хит за толку кратко време?

Funk Shui : Не очекувавме ништо конкретно, фидбекот на луѓето ретко го проценуваме, но секогаш го цениме. Песната “Крик” е најновото дело од нас кое го доловува нашиот мајнд-сет од последниве неколку месеци.

Кога го оформивте бендот “Funk Shui” ? Oд каде ви беше идејата?

Funk Shui : Создаден е во раната 2010-та година во зима, иако претходно постоеше во нашите глави и душа. Идејата беше слободен креативен израз, се чувствувавме како да имаме многу да кажеме и покажеме, плус се чувствувавме прекрасно, возбудливо и исполнето додека го правевме тоа, и сеуште е така.

Интервју со Funk Shui по повод најновиот хит "Kрик"

Кои инструменти ги свирите?

Funk Shui : Ако Funk Shui би бил една индивидуа-музичар, таа појава би го свирела секој музички инструмент. Ги сакаме сите инструменти.

Кои ваши настани ја имаат одбележано вашата досегашна кариера?

Funk Shui : Концертите во Станица 26, МКЦ, Skopje Calling 2018, Castro club и хавана клуб пред години наназад, односно оние терени кои нудат добри услови за нашите сценски настапи. Tие се тие кои имаат карактеристично значење за нас.

Интервју со Funk Shui по повод најновиот хит "Kрик"
Дали музиката е вашата примарна професија?

Funk Shui : Апсолутно, секој од нас е заљубен на различен начин во музиката, и таа љубов трае од 1994 година. Сакаме што повеќе врска и конфронтација да имаме со неа во секојдневието. Често свириме во DaPhunk студио, тоа е нашата база каде што посветуваме многу време на нови идеи, вежбање на сценски настапи, или пак снимање музички материјал.

Што препорачувате на младите почетници во музика?

Funk shui : Нашата препорака е: слободата во израз е најважна, што помалку филтри на вентилот од кој што излегува креативноста, минимум компромиси. Keep it flowing freely! Не форсирај ништо и прави го само тоа што ти создава возбуда и електрични чувства.

Тимот на 10ка ви благодари на издвоеното време и ви посакува успех.

*Сите искористени слики во оваа објава се на Стефан Рајхл.

Facebook страна на Funk Shui можете да ја посетите на следниот линк.


Доколку ви се допадна оваа објава,споделете ја на социјалните мрежи:

Интервју со Петар Спасеновски, државен шампион во карате!
Цветкоски со нов национален рекорд

Post Author: