Скопски бургер бар донира оброци за деца без родители, социјални случаи по повод Водици

Урбан Бургер Бар кој се наоѓа во скопската населба Карпош 1 реши да донира оброци за деца без родители, социјални случаеви и на оние кои топлиот оброк им е најпотребен по повод христијанскиот празник Водици. Оваа хуманитарна акција е дел од хуманитарната граѓанска иницијатива Ретвитни оброк кој се одржува повеќе од 4 години.

Анализите покажуваат дека додека речиси 450 000 Македонци имаат само еден оброк дневно, нашата земја е осма во светот по фрлање храна, секако имајќи го предвид соодносот на населението. 5000 тони прехрамбени производи , маркетите и рестораните , ги носат на депонијата Дрисла. (информација превземена од Телма). Со оглед на анализите и лошата ситуација во Македонија, секоја хуманитарна акција е добредојдена, особено кога станува збор за храна.

Објавата на Урбан Бургер бар на следниот линк.


Денес е светски ден на фотографијата

Post Author: