ФОЛКЛОРНА ПРИКАЗНА АНСАМБЛ “СТУДИО ФОЛКЛОР”

Во текстот што следува ќе ви раскажеме една прекрасна приказна што ја започна ансамблот “Студио Фоклор”, пред неколку години.

Ансамблот брои околу 200 членови поделени во 5 групи во зависност од возраста на членовите. Раководната палка е под водство на маестро Љупчо Маневски, долгогодишен играорец и првенец на Н.У ансамбл “Танец”.

Со малите групи  раководи Стефанија Маневска, апсолвент на Факултетот за етнологија, а исто така во склоп на ансамблот профеcионално се работи со пејачка група со која раководи педагогот Елена Андоновска.

Составен дел на ансамблот е и инструментална секција за која е одговорен Даниел Маневски.

Инструментална група Ансамбл "Студио Фолклор"

На репертоарот на ансамблот има повеќе од 15 кореографски постановки кои се изведуваат во оригинални носии (сопственост на ансамблот) од различни подрачја на Република Македонија. Одржуваат завиден број на настапи и нивниот распоред на настани е постојано исполнет како во земјата така и странство, земајќи учество на многу меѓународни фестивали и манифестации ширум светот.

 Ансамбл "Студио Фолклор"

 

Оваа година ќе биде за нив паметена како успешна со освојувањето на Гранд При наградата во Италија и првото место ”Статуеткa” од специјално изработена бронза-прва награда на еден од напрестижните фестивали во Дижон,Франција.

Статуетка освоена во Дижон,Франција

Зачувувањето на фолклорот и традицијата, на се она што е исконско-македоско е основното мото на овој ансамбл.

Зошто е добро да се изучува фолклорот и како тој делува на децата од нивната најрана возраст?

Пред се поради едукација,социјализација, фолклорот е еден вид спорт, при тренингот се активираат повеќе мускули од телото, а воедно се постигнува правилно држење на истото, комуникација со публика, дружење со деца од разни држави, изучување на разни култури, што предизвикува правилен физички и психички развој.

Ансамбл "Студио Фолклор"

Пробите се одржуваат два пати неделно за секоја група по еден час или час и половина, а пред настапи се одржуваат и дополнителни проби. “Студио Фоклор” вежбаат во едноставна лесна опрема (хеланки,тренерки,маици,балетенки или опинци), што е многу важно за лесно изведување на играта.

Просториите се наоѓаат во населба Аеродром,во близина на салонот Casa Italia.

Играорците топло ви препорачуваат да ги посетите на еден од нивните часови или да станете дел од оваа фолклорна фамилија кои живеат и дишат во еден здив оставајќи ги душата и срцето на сцената.

Тие поседуваа и ФБ страница на која може да ги видите сите нивни активности,случувања и да ги следите. Нивната Facebook страница можете да ја посетите на следниот линк.


Доколку ви се допадна оваа објава,споделете ја на социјалните мрежи:

Патот на аџиите - репортажа од Израел
Европска Унија против интернет криминалот!

Post Author: