Цветкоски со нов национален рекорд

14 годишниот Стефан Цветкоски повторно овој викенд го собори државниот рекорд на 50 метри делфин со време 27.53 секунди. Ова на младиот пливач како да му стана навика. Тој е еден од нашите најперспективни пливачи на кој му претстои блескава иднина во светот на пливањето.

Пред колку време беше твојот прв скок во базен и активен почеток во пливањето?

Стефан Цветкоски: Желбата за рекреативно пливање ја имав уште од најрана возраст како и сите деца. Многу ја сакам водата, особено преку лето кога сум на одмор .Тоа тогаш беше рекреативно, но од пред 4 години, кога престанав со тренирање фудбал, се предадов на пливањето .Од тогаш до денес секој ден имам тренизни и одам во теретана. Има денови кога тренирам и два пати во денот, наутро и попладне. Во зависност од тренинг- програмата, дневно пливам и по 10 километри. Сега неможам да замислам ден без пливање  и воопшто не ми е тешко да го подготвам ранецот за пливање и реквизитите и уште пред 8 часот наутро и во зима и во лето да бидам на базен.Цветкоски со нов национален рекорд

Имаш учествувано на многу  домашни и меѓународни натпреварувања со голем број на учесници, кои се твоите успеси,дали има медали ?

Стефан Цветкоски: Ха ха …Нормално дека има медали …На почетокот многу ми значеа медалите и дипломите што ги добивав. Ги има многу,повеќе од 150 медали, од кои што морам да кажам дека повеќето се златни и тоа на големи меѓународни митинзи во Словенија,Италија, Бугарија, Србија ….Но како што веќе поминува оваа моја љубов во опсесија , сега многу повеќе ме интересира испливаното време. За мене сега секоја стотинка е многу драгоцена, секое подобро време од претходното е голем успех и поттик за уште повеќе.

Цветкоски со нов национален рекорд

Кој е твојот сон во пливањето ?

Стефан Цветкоски: Секако, за секој спортист најголем сон е учевството на Олимпијада. Искрено верувам и се надевам, а и упорно ќе работам за  да го остварам својот сон наречен Олимпијада. На претстојната Олимпијада во Токио во 2020 година нема да можам да учествувам поради годините, но следната во 2024 година сигурно ќе  бидам дел од Олимпијадата. Но пред тоа следуваат голем број на првенства како домашни, европски и светски. Искрено ветувам дека еден ден ќе успеам достојно да ја претставувам мојата земја Македонија.

Цветкоски со нов национален рекорд

 

И за крај која ти е омилена дисциплина во пливањето?

Стефан Цветкоски: Без размислување , делфинот ми е омилен и тука ми се најдобрите времиња, но и краулот и останатите дисциплини ги пливам со исто толкава љубов…

Тимот на 10ка ти благодари на издвоеното време и ти посакува успех.


Доколку ви се допадна оваа објава,споделете ја на социјалните мрежи:

Интервју со Funk Shui по повод најновиот хит "Kрик"
Хуманитарна ревија на автомобили во АСУЦ

Post Author: