Индија почна да купува чист воздух поради зголеменото загадување

Најнов тренд во Индија е да се купува свеж воздух. Загадувањето во Њу Делхи достигнува многу високо ниво на токсичност, па така во градот се отвораат барови кои нудат кислород а се со цел на населението да им овозможи полесно да дишат.

Нивото на загаденост е околу 20 пати повисоко од она што Светската здравствена организација го смета за безбедно. Превземаат мерки со затворање на училиштата и прекинување со работа на градилиштата. Секоја година квалитетот на воздухот ширум државата е се послаб. Сопствениците на баровите велат дека бројот на посетителите се зголемува од ден на ден, и се движи од 30-40 клиенти дневно. Тие истакнуваат дека терапијата со кислород не лечи, но подмладува. Затоа се поставува и прашањето, дали дишењето ќе биде привилегија само на богатите?

Интервјy со Ненад Келебиќ - репрезентативец во карате со интернационални успеси
Силен земјотрес во Крит, Грција

Post Author: