Два силни земјотреси ја погодија Албанија – Се тресеше целиот регион!

Силен земјотрес со јачина од 6,4 степени ја потресе Албанија околу 4 часот по локално време. Само три часа подоцна, околу 7 и 10 часот, земјата беше погодена од уште поголем земјотрес, со јачина од 6,5 степени по Рихтер, јавуваат локалните медиуми. Има жртви, но точниот број засега не е познат.

6:45 часот – се сруши петокатница, спасено е дете

Во Драч падна целата зграда од пет ката, а едно дете е спасено од урнатините, јавуваат локалните медиуми. Според новинарската агенција Танјуг, најмалку две згради се срушиле, а бројни жители се заробени во урнатините.

6:15 часот – Граѓаните излегле на улиците по земјотрес, 50 повредени во Тирана

Граѓаните во Тирана излегоа на улиците, некои со бебињата во раце. Се претпоставува дека има повеќе од 50 повредени во главниот град. На видео-снимките што се појавија во медиумите се гледа како се распаѓа една куќа, една станбена зграда и запален афтомобил.

Земјотресот се почуствувал и во Западниот дел од Македонија. Локалните жители велат дека траел измеѓу 20 и 30 секунди со силен интензитет. За среќа, послединици во Македонија нема. Земјотресот освен во Македонија, беше почувствуван и во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Хрватска, Бугарија и Италија.


CNN објави снимки од ситуацијата во Албанија
ТЕСЛА веќе доби 146,000 нарачки за својот "Cybertruck"

Post Author: