ФРОЈД: Пред депресијата, проверете дали сте опкружени со идиоти!

Еден од најконтроверзните научници од 20 век е оној кој студентите по психологија од целиот свет го нарекуваат „дедо Фројд“.

За време на неговиот живот, некои го сметале за шарлатан, други пак за генијалец. Коко Шанел го нарече првиот машки феминист, а две откритија го овековечија: разоткривање на мистеријата на човечкиот сон и „пронаоѓање“ на клучот за потсвеста.

Еве ги неговите 10 интересни цитати кои дефинитивно ќе ве натераат да размислувате и забавувате:

  1. Големината на вашиот идентитет е одредена од големината на проблемот што може да ве извади од такт.
  2. Пред да дијагностицирате депресија и мала самодоверба, проверете дали (не) сте опкружени со идиоти.
  3. Никогаш не сме ранливи како кога сакаме и никогаш не сме толку безнадежно мизерни кога губиме љубов.
  4. Луѓето се повеќе морални отколку што мислат и многу понеморални отколку што можат да замислат.
  5. Секој нормален човек, всушност, е нормален само делумно.
  6. Ако сте му простиле на човекот сѐ, тогаш сте завршиле со него, засекогаш.
  7. Секој човек може да се одбрани не непријателот, но против пофалби тој останува беспомошен.
  8. Ние се стремиме повеќе да избегнеме болка отколку да наидуваме на радост.
  9. Во моментот кога некој ќе започне да се сомнева во неговиот живот и неговата вредност, тој се разболува.
  10. Големо прашање на кое никогаш не е одговорено и не сум бил во можност да одговорам, и покрај триесетгодишното истражување за женската психа, е: Што сакаат жените ?!

Зошто ,,Црн петок,, се одбележува со распродажби
Типови на луѓе кои сигурно би ве изнервирале во јавен превоз

Post Author: