Интервјy со Ненад Келебиќ – репрезентативец во карате со интернационални успеси

1.Кој е Ненад Келебиќ?

Каратист со 19 – годишна кариера,професионален пожарникар веќе 4 ипол години. До сега имам настапувано на повеќе светски и европски првенства меѓу кои Европоското првенство во Лисабон 2014-та година каде освоив трето место. Исто така имам настапувано на Премиер лиги, од кои имав најуспешен настап во Лашко, Словенија и го освоив второто место. Повеќекратен државен шампион и освојувач на балкански медаљи.

2.Кој беше најдинамичен момент во твојата спортска кариера?

Тоа би било периодот кога преминав во категорија Сениори па пред мене беше целта да се докажам на национално и светско ниво, борејќи се против постарите и поискусните натпреварувачи. Овој динамичен период од мојата кариера беше одбележан со победи против врвни натпреварувачи од целиот свет, но исто така и забележував порази. Мотивацијата од победите и поуката од поразите ме одведоа на Медитеранските игри во Тарагона, Шпанија 2018 година, каде што се стекнав со медал освојуваќи го третото место.

3.Кои се твоите впечатоци од твојот последен настап на “Трофеј на Македонија”?

-Со оглед на тоа дека јас пред кратко време ја променив категоријата во која настапувам, се чуствувам задоволен со сребрена медаља иако сметам дека можев да го освојам првото место. Овој настап ми помогнам да си ги согледам своите недостатоци, а и да потврдам во кои сегметни доминирам. Ова е мој втор настап во категорија до 75 килограми, и се чуствувам самоуверено и мислам дека би можел да го постигнам истиот успех како и во категоријата во која до сега настапував, дури и подобро.

4.Колку време траеше твојата подготовка за овој натпревар?

Мојата подготовка траеше два до три месеци за сезоната која следи, а конкретно за овој натпревар се спремав еден месец со поинтензивни тренинзи, односно два пати дневно.

5.Кои се твоите успеси во 2019 година?

Некои натпреварувања кои можам да ги извојам се Премиер Лигите во Истанбул и Салзбург.

6.Кои се следни планови на Ненад Келебиќ?

Моите планови за следниот период се настапи на Европското и Светското првенство, а се надевам на успех и одличен резултат.

7.Кој е твоето животно мото?

Моето животно мото е: Правете го она што го сакате и она што ве исполнува, бидејќи само на тој начин можете да бидете успешни.

8.Каде се гледаш себеси за 5 години?

Се гледам себеси како успешен каратист кој ќе застане највисоко на пиедестал.

9.На кого го должиш твојот досегашен успех?

Моето досегашен успех го должам на моите поранешни тренери и сегашниот тренер Јован Лазарев, како и селекторот за репрезентација на Македонија Сашко Арсовски и претседателот на КФМ Драган Стојановски.


Денес е светски ден на фотографијата
Индија почна да купува чист воздух поради зголеменото загадување

Post Author: