Кражба како на филм: Ограбен музејот во Дрезден(Видео)

Крадците кои ограбиле германски музеј во Дрезден рано утрово зеле три комплети накит од почетокот на 18 век, соопштија полицијата и музејските власти.

Накитот содржи дијаманти, рубини и смарагди. Надзорните камери регистрираа двајца мажи како провалуваат низ прозорци со решетки во Зелената ризница на Музејот во барокната палата во Дрезден. Потоа искршиле три сандука во кои се чувал и прикажувал накитот. Директорот на музејот, Марион Акерман изјави дека украдените предмети „немаат цена“ и дека е невозможно да се продадат на отворениот пазар.

„Тука зборуваме за предмети со огромна културна вредност“, рече неговата колешка Дирк Зиндрам. Тој додаде: „во прашање е светско културно наследство, никаде на друго место не постои колекција накит во оваа форма, квалитет и количина “ .

Силен земјотрес во Крит, Грција
CNN објави снимки од ситуацијата во Албанија

Post Author: