Најкраткиот IQ тест на светот – има само три прашања

Три прашања, односно три одговори ве двојат од просечно интелигентна особа до интелектуалец на повисоко ниво… (83% од луѓето погрешно одговараат барем на едно прашање од овој IQ тест).

Тестот на когнитивна рефлексија (CRT) е дизајниран за мерење на тенденцијата личноста да го надвладее неточниот одговор, а со цел да се посвети на понатамошната рефлексија за да го пронајде точниот одговор. Од опфатени 3.428 особи, дури 33% погрешно одговориле на сите три прашања. Повеќето од луѓето – околу 83% погрешно одговориле на барем едно од поставените прашања.

Научна студија: Луѓето кои често забораваат се поинтелигентни!

Овој тест се нарекува најкраток светски IQ тест, бидејќи содржи само три прашања. Дизајниран е за да ги процени вашите способности да идентификувате едноставен проблем кој всушност е многу потежок отколку што изгледа на почетокот. Стручните лица, тврдат дека точниот одговор е знак на генијалност, но при тоа е важно и времето во кое ќе дојдете до решението. Затоа, мислете брзо!!!

Тест- прашања

1.Палката и топката вкупно чинат 1.10$. Палката чини1$ повеќе од топката.Колку чини топката?

2. Ако пет машини за време од 5 минути изработат 5 предмети, колку време е потребно 100 машини да направат 100 предмети?

3.На едно езеро на почеток има еден чамец, а секој ден бројот на чамци станува два пати поголем. Ако е потребно 50 дена за да се покрие целото езеро со чамци, колку дена е потребно за да се покрие половина од езерото?

Кога ќе одговорите на прашањата, погледнете ги резултатите.

Одговори:

1. 5 центи – Постои голема можност да помислите дека одговорот е 10 центи. Но сепак, 5 центи за топка плус 1.05$ за палка, што вкупно изнесува 1.10$.

2. 5 минути – Можеби инкстиктивно сте одговориле дека се потребни 100 минути, но за среќа не треба толку долго време. Ако за 5 минути една машина изработува еден предмет, тогаш за 5 минути, 100 машини изработуваат 100 предмети.

 3. Потребно е 49 дена. Ако секој ден бројот на чамци се удвојува, тогаш на 49-тиот ден ќе биде половина езеро покриено, а 50-тиот ден(односно двојно повеќе) ќе биде целото езеро покриено.


На колку прашања вие точно одговоривте? Споделете го вашиот одговор на социјалните мрежи

ТЕСТ: Кој резервар ќе се наполни прв?
Во која насока се врти девојката? Што открива одговорот за вас?

Post Author: