Кое е најскапото кафе во светот? -Не е бразилско

Цената на оригиналното Кона кафе е околу 70 долари за 1 кг. Се одгледува исклучиво на Хаваите, но тоа не значи дека целото хавајско кафе е Кона. Познато е по благиот и ароматичен вкус. Кона е всушност вид на Арабика која се одгледува на падините на вулканите на Хуалалаи и Мауна Лоа и е производ на семејните насади за кафе. Климата на островот е совршена за дрвјата: За време на периодот на растење, од август до јануари, наизменично се менуваатсонце и дожд, а за време на периодот на сушење, има долги сончеви периоди. Од јануари до крајот на мај, хавајските ридови се преполни со прекрасни, бели цветови кои потоа плодовите од дрвата добиваат зелена боја,  кои созреваат во снопови во текот на целата сезона, сè додека не станат светло-виолетови. Производителите периодично рачно ги берат плодовите, бидејќи не зреат сите во исто време.

Се верува дека во Кону во 19 век ја донел мисионерот Самуел Раглис од Бразил. Во тоа време, насадите за кафе биле водени од богати сопственици на земјиште. Како резултат на глобалниот пресврт на пазарот за кафе во 1890 година, повеќето од овие насади се затворени. Во тој момент до израз дошле помали семејни плантажи, кои обично ги водат јапонски емигранти. Кано кафето денес го произведуваат околу 600 помали производители. На годишно ниво официјално се произведува околу 1,3 милиони килограми Кона кафе, но се продава околу 9 пати повеќе – како резултат на вкрстување со други поевтини видови. Измами на пазарот за кафе има многу, но тоа кафе кое нема никаква врска со оригиналот се продава како Кона. Само искусни потрошувачи можат да го разликуваат оригалот од сите други кои наликуваат на него


Дали човечкото тело може да издржи маратонски летови од 20 часа?
Како пушењето ја уништува нашата убавина ?

Post Author: