Предлог 5 најсмешни комедии кои морате да ги погледнете!

Најдобри 5 филмови комедија кои мора да ги погледнете

“Superbad”

Овој филм е реализиран во 2007 година,станува збор за американска тинејџерска комедија во која двајца другари Сет и Еван го завршуваат средното училиште и во екот на тоа пред завршувањето сакаат да уживаат во ноќниот живот и конечно да ја изгубат нивната невиност.Но секако за да не привлече се повеќе,авторите Seth Rogen и Evan Goldberg на комичен начин го отежнуваат патот до целта на нивниот план. Исто така интересно е како што може да се забележи имињата на ликовите од филмот се исти како и имињата на авторите.

Трејлер за “Superbad” можете да погледнете на следниов линк.

superbad-комедија

“The Hangover”

Така наречениот “Мамурлак” е американска комедија на Tod Filips чие дејство го водат четворица пријатели кои патуваат во Лас Вегас за ергенска вечер,по која тројцата кумови се будат во апартманот, без меморија од претходната бурна ноќ, и набргу сваќаат дека недостасува младоженецот Даг.Инспириран е од вистинска животна авантура и пуштен на 5ти јуни 2009година проследен со голем број на награди и номинации.Исто така ви ги предлагаме и “Hangover 2” и “Hangover 3” кои се со слична приказна и ветуваат многу смеа и забава од страна на гледачот.

Трејлер за “The Hangover” можете да погледнете на следниов линк.

hangover-комедија

“Horrible bosses”

2011 година е година на овој филм,ова е американска комедија со испреплетени мрачни моменти на обиди за убиства.Заговорот го следат тројца исфрустирани пријатели Bateman, Day и Sudeikis кои решаваат да ги убијат своите надмоќни, навредливи шефови, прикажани од Spacey, Aniston и Farrell.Овој филм до тогаш се смета за најпрофитабилен филм за сите времиња во , со што го срушил рекордот што претходно го поставил “Војната на розите” во 1990 година.Поради популарноста на филмот,има и продолжение под наслов “Horrible Bosses 2” кој исто така ви го препорачуваме да го гледате.

Трејлер за “Horrible bosses” можете да погледнете на следниов линк.

Horible bosses-комедија

 

“Coming to America”

Стара,но никогаш заборавена роmантична комедија од дамнешната 1988 година изиграна од единствениот Eddie Murphy.Овој пат тој глуми акциониот принц на фиктивната африканска нација Замунда, кој доаѓа во САД во надеж дека ќе најде жена за која може да се ожени.Исто така во врска со овој филм е интересно што за истиот во 1989 биле направени обиди за ТВ шоу,но не била прифатена за серија.

Трејлер за “Coming to America” можете да погледнете на следниов линк.

coming to america

 

“Dumb and Dumber”

Станува збор за уште еден идеален избор на филм кој своите почетоци ги обележува во 1994 година во режија од Peter Farrelly.Taka познатиот “Глупавиот и поглупавиот” е изглумен од Jim Carrey и Jeff Daniels како двајца неинтелегентни,но добронамерни пријатели од Провиденс кои тргнуваат на патување за Колорадо ,се со цел да го вратат пронајдениот куфер полн со пари на сопственикот,мислејќи дека бил загубен,но всушност биле останати како откупни пари.Овој филм има заработено 247 милиони долари и има развиено култ по неколку години од неговото пуштање.
Исто така “Dumb and Dumber” има свое продолжение “Dumb and Dumber 2 ” ,кое исто така е со Jim Carrey и Jeff Daniels,во истата приказна но 20 години подоцна.

Трејлер за “Dumb and Dumber” можете да погледнете на следниов линк.

глупавиот и поглупавиот


Доколку ви се допаѓа оваа објава, споделете ја на социјалните мрежи

Поучни цитати за добро утро!
Почнете го денот со мудри мисли!

Post Author: